Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2017

Бундеслига 2017/18: Шампионот на премиерата против „фармацевтите“

Фудбалерите на Баерн Минхен одбраната на титулата во Бундес лигата ќе ја почнат на 18-ти август кога во првото коло ќе играат против Баер Леверкузен.

Денеска беше соопштен распоредот за новата сезона во германското фудбалско првенство, а првакот на Бундес лигата првиот натпревар ќе го игра како домаќин.
Баерн минатата сезона убедливо славеше во првенството откако на крајот имаше 15 бодови повеќе од второпласираниот Лајпциг РБ, а Баер Леверкузен разочара со пласманот на 12-тото место.
Минатогодишниот вицешампион Лајпциг РБ новата сезона ја почнува на гостувањето во Гелзенкирхен кај Шалке, а Борусија Дортмунд ќе патува во Волфсбург.
Учесникот во Лигата на шампионите Хофенхајм во првото коло ќе се сретне со Вердер Бремен, а веќе во третото коло го пречекува Баерн Минхен.
Средбата меѓу Лајпциг РБ и Баерн Минхен е закажана во 10-тото коло на „Алијанц арената“, а германскиот „класикер“ меѓу „милионерите“ и баварците е во 11 коло.
Во последното коло од шампионатот Баерн на свој терен го пречекува Штутгарт, Дортмунд - Хофенхајм, а Лајпциг ѝ гостува на Херта во Берлин.

Најнови вести