Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2017

Одбиена и втората понуда, Ливерпул се откажа од Кејта

Ливерпул се откажа од тоа да го доведе Наби Кејта, играчот на Лајпциг, пренесе „Скај спорт“.

Кејта сака да си оди од Лајпциг, но клубот не сака да го пушти, а Ливерпул повторно ќе се обиде да го доведе ако се премисли управата на германскиот клуб.
Претседателот на Лајпциг минатата недела за „Скај“ изјави дека Кејта сто отсто нема да биде продаден во летниот преоден рок и дека клубот ја одбил понудата од 67 милиони фунти на еден клуб.
Кејта на почетокот на седмицата го прекина тренингот на екипата поради опасниот старт на соиграчот Диего Деме, кој потоа мораше да оди во болница. Кејта минатата сезона постигна осум голови во 31 натпревар.
Ливерпул досега во летниот преоден рок доведе тројца играчи, Мохамед Салах, Доминик Соланке и Енди Робертсон.

Најнови вести