Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2016

Бундеслигата има нов лидер, стар само седум години

Фудбалерите на Лајпциг го победија во гости Баер Леверкузен со 3-2 во првиот натпревар од 11-тото коло на германската Бундеслига.

Баер пред своите навивачи два пати имаше предност, но Лајпциг и двата пати успеа да се врати, а на крајот да дојде и до триумф.
Леверкузен поведе со голот на Кевин Кампл уште во првата минута, а Лајпциг три минути подоцна стигна до изедначување со автоголот на Јулијан Баумгартлингер.
Домаќинот во судиското продолжение на првиот дел од играта повторно дојде до предност, а стрелец беше Јулијан Брант.
Баер во 54-тата минута имаше шанса да ја удвои предноста, но Хакан Чалханоглу не беше прецизен од пеналот.
Лајпциг го искористи тоа, па преку Емил Форсберг во 67-мата минута дојде до изедначување, а Вили Обран во 81-вата минута го комплетираше пресвртот.
Клубот кој е стар само седум години со оваа победа се најде на првото место во Бундеслигата со 27 бодови, додека Баер е осми со 16 бода.

Најнови вести