Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2012

Херта и Рехагел се разделија

Како што се очекуваше, искусниот стратег Ото Рехагел повеќе не е тренер на Херта.

Херта испадна од првата лига, а во неа влезе Фортуна Диселдорф, па затоа седумдесет и тригодишниот тренер се одлучи да замине. Ова, најверојатно, би можело да биде и крајот на неговата богата кариера.
„Мислам дека не би имало смисла да продолжи соработката, и клубот и јас моравме да тргнеме во спротивен правец“, објасни Рехагел.
Така, Херта по вторпат во последните неколку години ќе мора да се бори за враќање во Бундеслигата, што за клуб од главен град е недопустливо.

Најнови вести