04.6.2012 Рангник на местото на Хоџсон во Вест Бромич
Според пишувањата на германските медиуми, 53-годишниот Ралф Рангник е новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Вест Бромич.
Се наведува дека преговорите почнале уште на 13-ти мај, кога Рангник бил посебен гостин кај Вест Бромич во текот на последното премиерлигашко коло против Арсенал. Иако од Бромич го немаат официјално потврдено ваквиот епилог, се верува дека сè е веќе договорено и дека германскиот тренер ќе го наследи Рој Хоџсон.
Рангник е без клуб откако пред осум месеци ја напушти клупата на Шалке. Тој се споменуваше и во контекст за можно преземање на Херта, но по испаѓањето на берлинскиот клуб во втората лига таа приказна заврши. Покрај Шалке (во два наврати), меѓу останатите овој тренер ги водеше и Штутгарт, Хановер и Хофенхајм.