Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2012

Штутгарт се засили со Торун

Штутгарт потврди дека потпишал тригодишен договор со Тунај Торун, дваесет и двегодишниот напаѓач на Херта.

Репрезентативецот на Турција, кој минатата година дојде во Херта од редовите на Хамбургер, заминува само по една сезона мината во Берлин, а причина за тоа е испаѓањето на тимот од главниот град во втората лига.
„Штутгарт е голем клуб, со традиција. Среќен сум што ќе можам да играм за еден ваков тим, како и можноста повторно да бидам дел од Бундеслигата. Исто така, морам да додадам дека сум презадоволен и од можноста повторно да работам со тренерот Бруно Лабадија, кој за времето додека бевме заедно во Хамбургер ми даде шанса и го охрабруваше мојот развој. Тоа нешто се надевам ќе продолжи и во Штутгарт“, изјави Торун за германските медиуми.
Минатата сезона Турчинот беше стрелец на дваесет погодоци за Херта во Бундеслигата.

Најнови вести