Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Вардар во ново руво го декласира Фуксе Берлин

Македонскиот ракометен првак Вардар го декласира Фуксе Берлин со 32:24 на „Хеиде купот“ што се игра во Германија

Вардарци почнаа лошо, но завршија извонредно и победија со убедливи 8 голови разлика против германскиот состав.
До финишот  на првиот дел ракометарите на Фуксе Берлин постојано имаа предност, а со погодокот на Шишкарев во 24. минута Вардар за првпат поведе со 12:11. Предноста по првиот дел од 15:13 во продолжението постојано растеше до конечните 32:24.
Прв стрелец во новиот состав на Вардар беше Тимур Дибиров со 7 погодоци, а Кристопанс постигна еден погодок помалку.

 

Најнови вести