Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2014

Рамос од наредната сезона во Дортмунд

Адријан Рамос, колумбискиот напаѓач на Херта, на крајот на оваа сезона ќе направи трансфер во Борусија од Дортмунд, стои во денешното соопштение на интернет-страницата на „милионерите“.

Рамос потпишал договор на четири години, а деталите на трансферот не се познати. Тој во Дортмунд ќе го замени Роберт Левандовски, кој кариерата ќе ја продолжи во Баерн од Минхен.
„Рамос е одличен играч и еден од најдобрите напаѓачи во Германија. Одлично се вклопува во нашиот стил на игра“, изјави Михаел Цорк, спортскиот директор на Дортмунд.
Рамос оваа сезона на 29 натпревари постигна 16 голови за Херта и моментно е трет стрелец на Бундеслигата.

Најнови вести