Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2012

Леванте го доведе грчкиот напаѓач Гекас

Грчкиот фудбалски репрезентативец Теофанис Гекас е последното засилување на шпанскиот прволигаш Леванте, каде што дојде како слободен играч.

По пет години поминати во Германија, последната сезона Гекас ја одработи во турскиот Самсунспор, каде што во 11 настапи постигна осум погодоци. Сите три клубови за коишто настапуваше Гркот испаднаа во понизок ранг на натпреварување (Херта, Ајнтрахт, Самсунспор), но тоа, очигледно, не ги загрижи челниците на Леванте.
Во кариерата Гекас одигра и 62 натпревари за грчката репрезентација и притоа постигна 22 погодоци, а за овој напаѓач е врзан уште еден куриозитет. Всушност, ни по пет години поминати во Германија, Гекас не научи ниту еден збор од германскиот јазик, а на таа забелешка само кратко порача дека е платен да постигнува голови, а не да зборува.
Останува да се види дали ќе биде порасположен за учење на шпанскиот јазик, а може ќе му помогне фактот дека на Леванте е член и неговиот сонародник Николаос Карабелас.

Најнови вести