Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2012

Херта за опстанок во Бундеслигата без првиот стрелец

Херта пред натпреварот за опстанок во првата германска фудбалска лига ќе игра без многу важен играч во својата екипа.

Пјер-Мишел Ласога ќе мора да оди на операција на коленото коешто го повреди во последното бундеслигашко коло.
Ласога мораше да го напушти теренот на средбата против Хофенхајм во 61-та минута, а дополнителните прегледи покажаа дека му се скинати предните вкрстени лигаменти на десното колено.
„Ќе отсуствува шест месеци. Сите најважни чекори за негово закрепнување се преземени“, рече клупскиот лекар Ули Шлајхер.
Ласога оваа сезона беше најдобар клупски стрелец со осум постигнати погодоци.
Херта во разигрувањето за останување во лигата ќе игра против Диселдорф, кој сезоната во втората Бундеслига ја заврши на третото место.

Најнови вести