Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2012

Дортмунд – Вердер на стартот на Бундеслигата

Борусија Дортмунд, двократниот последователен фудбалски шампион на Германија, ќе игра во првото коло на новата сезона против Вердер од Бремен, соопштено е на интернет-страницата на Бундеслигата.

Вицешампионот Баерн ќе гостува кај новиот прволигаш Гројтер Фирт. Новата сезона ќе почне на 24-ти август, а натпреварите од првото коло ќе се играат и на 25-ти и 26-ти август.
Водечките германски клубови во последните неколку сезони, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, ќе се сретнат во 15-тото коло во Минхен. Тој меч ќе се игра на 30-ти ноември, први или втори декември.

Парови во првото коло на германската Бундеслига:

Б. Дортмунд – Вердер
Хановер – Шалке
Менхенгладбах – Хофенхајм
Штутгарт – Волфсбург
Фрајбург – Мајнц
Аугсбург – Ф. Диселдорф
Хамбургер – Нирнберг
Ајнтрахт Ф. – Б. Леверкузен
Гројтер Фирт – Баерн Минхен

Најнови вести