Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2013

Бундес лига: Шампионот стартува против Борусија Менхенгладбах

Фудбалерите на германскиот шампион Баерн минхен одбраната на титулата следната сезона ќе ја почнат на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.

Новата, 51 бундеслигашка сезона почнува на 9 август, а завршува на 10 мај 2014 госина.
Во новата сезона освојувачот на тројната круна од клупата ќе го води Пеп Гвардиола, па дуелот против осмопласираната екипа во минатото првенство за шпанскиот стручњак ќе биде деби во германскиот шампионат.
Вицешампионот Борусија Дортмунд стартува на гости кај Аугсбург, Шалке го пречекува Хамбургер, а Баер Леверкузен почнува на домашен терен против Фрајбург.

Двојки за првото коло во Бундес лигата

Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах
Шалке – Хамбургер
Баер Леверкузен – Фрајбург
Хановер – Волфсбург
Хофенхајм – Нирнберг
Мајнц – Штутгарт
Аугсбург – Борусија Дортмунд
Брауншвајг – Вердер
Херта – Ајнтрахт Франкфурт

Најнови вести