04.4.2012 Херта десеткувана во Менхенгладбах
Во наредниот натпревар на германското фудбалски првенство Херта против Менхенгладбах во 29-тото коло на Бундеслигата ќе игра дури без девет важни играчи.
Ото Рехагел, искусниот тренер на фудбалерите од Берлин, е на големи маки пред идната средба во Бундеслигата. Поради повреди му недостасуваат многу играчи од првиот тим, па шансите екипата да освои барем бод во борбата за опстанок на гости кај високопласираниот Менхенгладбах се уште помали.
Кристијан Лел и Роман Хубник влечат повреда на глуждот, Анис Бен-Хатира почувствува болка во карлицата, додека Рукавица, Јанкер и Нимаер ги мачат мускулите. На тренинзите само што се врати недоволно закрепнатиот Бразилец Рони, а на сето тоа треба да се придодадат од порано повредените Франц (вкрстените лигаменти), Лустенбергер, како и капитенот Андре Мијатовиќ (Ахиловата тетива).