Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2012

Фридрих потпиша за Чикаго

Арне Фридрих, долгогодишниот дефанзивен играч на Херта, кој минатата сезона ја одработи во дресот на Волфсбург, одлучи својата кариера да ја продолжи во Америка, потпишувајќи договор со Чикаго.

Фридрих по осум години минати во Херта се одлучи во 2010 година да замине од клубот со кого требаше да игра во понизок ранг и по трансферот вреден три милиони евра, минатата сезона ја мина во Волфсбург.
Овој триесет и двегодишен германски репрезентативец за својата земја има осумдесет и два настапи, а по многуте повреди минатата сезона реши да го раскине договорот со „волците“.
Како голем љубител на животот во Америка, тој се реши за трансфер преку барата, а вчера од Чикаго потврдија дека е потпишан договор со овој германски одбранбен играч, кој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Франк Клопас.

Најнови вести