Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2012

Баерн кај Херта без Швајнштајгер и Олиќ

Поради проблеми со грбот, Ивица Олиќ, хрватскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, не отпатува со остатокот од тимот за Берлин, каде што „баварците“ утре ќе гостуваат кај Херта во склоп на 26-тото коло.

Првата гостинска победа во Бундеслигата во 2012 година Баерн, ќе мора да ја бара и без играчот за врска Бастијан Швајнштајгер, кој има проблеми со повредата на стапалото.

Последниот тренинг не беше воден од стратегот Јуп Хејнкес, кој поради настинка мораше да остане во својот дом. Во Берлин искусниот стратег ќе отпатува на денот на натпреварот и тогаш ќе го одработи својот шестоти натпревар во Бундеслигата во својата кариера.

Најнови вести