Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2013

Михаел Скибе нов тренер на Грасхоперс

Четириесет и седумгодишниот германски стручњак Михаел Скибе во саботата е именуван за нов тренер на швајцарскиот вицешампион Грасхоперс.

Скибе потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката доколку двете страни бидат задоволни. Грасхоперс се пласира во квалификациите на Лигата на шампионите, така што една од првите задачи на новиот тренер ќе биде да ја воведе екипата во најелитното европско клупско натпреварување.
Скибе самостојната тренерска кариера ја почна во Борусија Дортмунд, по која ги водеше: Баерн Леверкузен, Галатасарај, Ајнтрахт, Ескисехирспор, Херта и Карабукспор. Во Грасхоперс го наследи 39-годишниот Ули Форте, кој го презеде Јанг бојс.