Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2013

Монтела го продолжи договорот со Фиорентина

Фиорентина вчера вечерта во забавна атмосфера им ја претстави новата екипа на навивачите на стадионот „Артемио Франки“. Притоа претседателот Андреа дела Вале објави голема вест.

„Денес со тренерот Винченцо Монтела во клупските простории и формално го продолживме договорот. Ќе остане наш уште многу, многу години“, им изјави вчера на навивачите Дела Вале, на што се надоврза и самиот тренер:
„Вистина е, денес тоа го направивме официјално. Но, тоа не е никаква посебна новост, сето тоа го договоривме уште пред две седмици. Сега одиме понатаму: пред нас е нова сезона!“
За амбициозниот состав од Фиренца таа почнува уште утре во Цирих, каде што Фиорентина гостува кај Грасхоперс во првиот натпревар од завршното претколо на Лигата на Европа. На натпреварот „виолетовите“ ќе ги храбри војска од три илјади навивачи.

Најнови вести