Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2017

Монтела: Очекувањата беа преголеми

Винченцо Монтела, отпуштениот тренер на Милан, изјави дека му е жал што добил отказ на „Сан Сиро“ бидејќи и понатаму ја имал поддршката од играчите.

„Росонерите“ го отпуштија Монтела по ремито со Торино (0-0) на домашен терен во 14-тото коло на Серија А, по кое се наоѓаат на седмото место со 20 бодови, 18 помалку од лидерот Наполи.
Милан летоска вложи околу 200 милиони евра на засилувања, па се очекуваше борба и за титулата, но оваа есен Монтела со „росонерите“ успеа да се избори само за нокаут-фазата на Лигата на Европа.
„Мислам дека очекувањата беа превисоки. Жал ми е поради моментите, играчите и понатаму беа покрај мене. Им порачав да му дадат максимална поддршка на (новиот тренер Џенаро) Гатузо, сигурен сум дека е способен да ги подигне. Во секој случај, му благодарам на клубот, но, за жал, таков е фудбалот“, изјави Монтела.
Џенаро Гатузо, легендата на Милан, на клупата на „росонерите“ ќе дебитира на гостувањето против последнопласираниот Беневенто, единствениот тим без ниеден бод во Серија А, на трети декември.

Најнови вести