Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2011

Херта го отпушти Бабел

Херта од Берлин го отпушти тренерот Маркус Бабел по позитивниот резултат на гости со Хофенхајм (1-1), поради расправија со спортскиот директор.

Клубот одлучи веднаш да ја прекине соработката со Бабел, кој немаше намера да го продолжи договорот кој му завршуваше идното лето, а деталните причини за таквата одлука ќе ги изнесе спортскиот директор на клубот Михаел Прец на прес конференција денеска.
Бабел го презеде тимот минатата сезона кога настапуваше во втората германска лига и го одведе во Бундеслигата, каде што моментно се наоѓа на 11-тата позиција.
Во германските медиуми се спомнува името на Михаел Скибе за наследник на Бабел, но тој ги демантираше овие шпекулации.

Најнови вести