Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2012

Ерен Дердијок нов играч на Хофенхајм

Ерен Дердијок, швајцарскиот фудбалски репрезентативец, од следната сезона наместо дресот на Баер од Леверкузен ќе го носи оној на Хофенхајм. Оваа вест ја потврди тренерот на клубот од покраината Баден-Вутемберг, Маркус Бабел.

„Постигнавме договор со Леверкузен. Се надевам дека Ерен ќе потпише наскоро“, рече Бабел за германската новинска агенција „ДПА“.
Потврда за преминувањето на 23-годишниот напаѓач на Швајцарија стигна и од Руди Велер, спортскиот директор на Баер.
„Сè е договорено со Хофенхајм“, изјави Велер.
Сумата за која Дердијок ќе премине во редовите на Хофенхајм изнесува помеѓу пет и шест милиони евра.
Швајцарецот во оваа сезона во Бундеслигата постигна седум погодоци и две асистенции во 24 настапи.

Најнови вести