Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2012

И Висе во Хофенхајм

Откако во текот на оваа седмица се засили со Ерен Дердијок од Баер Леверкузен, тимот на Хофенхајм во доцните вечерни часови објави дека потпишал и со Тим Висе, голманот на Вердер Бремен.

Иако триесетгодишниот Висе откри дека е во преговори со Реал Мадрид, своето „да“ сепак му го рече на друг тим од Бундеслигата, на Хофенхајм. Таму доаѓа како слободен играч, а договорот ќе му важи до 2016 година.
„Можноста да ангажираме таков искусен, успешен и амбициозен голман, не смеевме да ја испуштиме“, изјави тренерот Маркус Бабел.
Овој клуб сезоната ќе ја заврши на средината на табелата, но плановите за наредната му се огромни, и како што најавуваат од управата, засилувањата тука не запираат, бидејќи сите патишта водат кон Хофенхајм.

Најнови вести