20.2.2012 Рехагел нов тренер на Херта
Германскиот прволигаш Херта од Берлин официјално го претстави својот нов тренер Ото Рехагел.
Ова е прва работа за 73-годишниот Рехагел откако летото 2010 година ја напушти селекторската клупа на Грција. Во Херта го наследи Михаел Скибе, кој е сменет само по пет натпревари, коишто сите по ред ги заврши со пораз.
„Здрав сум и подготвен, а Берлин има посебно место во моето срце“, рече Рехагел кој во текот на играчката кариера ги бранеше боите на Херта меѓу 1963 и 1965 година.
Херта по 22 одиграни бундеслигашки кола се наоѓа на 15-тото место на првенствената табела, само со два бода над зоната за испаѓање.
На Рехагел примарна цел му е опстанок во Бундеслигата.