Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2012

Херта го отпушти Скибе само по 41 ден

Херта од Берлин го отпушти 46-годишниот тренер Михаел Скибе само по 41 ден поминат на таа функција.

Скибе на крајот на декември минатата година го наследи Маркус Бабел, кој беше сменет поради несогласување со клупското раководство. Колку беше лоша таа одлука, се покажа многу брзо. Скибе изгуби четири натпревари во пролетниот дел на Бундеслигата, како и четврт-финалниот дуел од Германскиот куп.
„Факт е дека изгубивме пет натпревари, така што ова е нормална реакција на клубот. Таква е тренерската работа“, изјави за „Билд“ капитенот на Херта, хрватскиот одбранбен играч Андре Мијатовиќ.
По првиот солиден дел од сезоната, фудбалерите на Херта паднаа на 15-тото место во Бундеслигата, само со два бода над зоната за испаѓање.

Најнови вести