Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2015

Евертон без осуммина играчи во Берн

Екипата на Евертон ќе биде сериозно ослабена во првиот натпревар од шеснаесетфиналето против швајцарскиот Јанг бојс - тренерот Роберто Мартинес нема да може да смета дури на осуммина играчи за настапот во Берн.

Лејтон Бејнс и Ејден Макгиди се надвор од редовите поради повреда, Леон Осман, Стивен Пиенар и Аруна Коне не се целосно заздравени како и Тони Хиберт.
Силвајн Дистан закрепна, но не е во комбинација за натпреварот, како и засилувањето од Тотенхем, Арон Ленон, кој нема право да игра за друг клуб во Европа во една сезона, а тој веќе играше за „петлите“ во групната фаза.
Добра вест за Мартинес е враќањето на Ганецот Кристијан Ацу, кој ќе се најде во протоколот на натпреварот во Швајцарија.

Најнови вести