12.7.2011 Лацио доведе четири засилувања и го чека Сисе
Италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио во понеделникот потврди дека донесе четворица нови играчи - голманот Федерико Маркети, одбранбениот играч Мариус Станкевичиус, Абдулај Конко и Сенад Лулиќ.
Дваесет и осумгодишниот
Маркети, кој бранеше за репрезентацијата на Италија на минатогодишното Светско
првенство во Јужноафриканската Република, во Лацио пристигна од Калјари,
29-годишниот Станкевичиус од Сампдорија, иако минатата сезона ја помина на заем
во Валенсија, 27-годишниот Конко од Џенова, а левиот бек од Мостар,
25-годишниот Лулиќ од Јанг бојс.
Денес за Лацио
треба да потпише и францускиот напаѓач Џибрил Сисе (30), кој минатата сезона
настапуваше за Панатинаикос.
Лацио минатата
сезона го зазеде петтото место во Серија А.