Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2013

Велигтон два месеци надвор од теренот

Фудбалскиот клуб Малага соопшти дека Бразилецот Велигтон ќе отсуствува од теренот околу два месеци поради повреда на рамото.

Шпанскиот клуб во соопштението додава дека Велигтон на неодамнешниот пријателски натпревар против Астон вила ја скрши клучната коска.
На 33-годишниот Бразилец му е извршена операција во болница во Барселона и лекарите предвидуваат дека во полн тренажен процес ќе се врати за месец и пол.
Велигтон во Малага дојде во 2007 година од Грасхоперс како позајмен фудбалер, а шпанскиот клуб по едногодишен заем го откупи неговиот договор.
Малага во првото коло на Примера лигата минатиот викенд беше поразена со 1-0 на гостувањето кај Валенсија.

Најнови вести