Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2012

Вердер се договори со Афолтер Јанг бојс

Германскиот Бундеслигаш Вердер од Бремен потпиша договор со швајцарскиот одбранбен играч Франсоа Афолтер од Јанг бојс.

Вердер соопшти дека дефанзивниот играч ќе биде на заем до 31-ви декември, а потоа ќе ја искористи можноста да го откупи.
Афолтер има дваесет години, а во Вердер доаѓа во моментот кога клубот остана без двајца дефанзивни играчи. Налдо не игра поради проблеми со коленото, додека на Себастијан Предл му е извршен оперативен зафат на јаболчната коска.

Најнови вести