Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2012

Стеауа има нов тренер

За нов тренер на Стеауа, на местото на Михај Стојкица, поставен е младиот триесет и шестгодишен стратег Лаурентиј Регекамф.

Довербата кај контроверзниот сопственик на клубот Џиџи Бекали ја доби поради успехот со Конкордија во изминатата сезона, бидејќи успеа да ја спаси од испаѓање, иако на полусезоната беше на последното место.
Бекали на новиот тренер му даде едногодишен договор со гаранција дека ќе добие и продолжување доколку поранешниот европски шампион по седум години пауза успее да ја освои титулата во Романија.
Регекамф своевремено беше дел од играчкиот кадар на Стеауа, во периодот од 1996 до 2000 година, а, исто така, успешна кариера имаше и во Германија, каде што играше за Котбус, Алеманија Ахен и Кајзерслаутерн. Тренер стана во 2009 година, а за три години смени четири клубови, Снагов, Универзитатеа Крајова, Глорија Бистрица и Конкордија.

Најнови вести