Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2016

Нови проблеми за Конте, се повреди и Пеле

Селекцијата на Италија пред Европското првенство продолжуваат да ја погодуваат проблеми со здравствената состојба на играчите, а сега се повреди и Грацијано Пеле.

Напаѓачот на Саутхемптон на тренингот го повреди коленото и веднаш го напушти теренот, сè уште не се знае колку е сериозна повредата.
Доколку и тој мора да го напушти ЕП тоа ќе биде голем проблем, бидејќи селекторот Антонио Конте поради проблеми со повредите веќе остана без неколку клучни фудбалери.
Надвор од тимот се играчите за врска Клаудио Маркисио, Марко Верати и Рикардо Монтоливо, а на тренингот на кој се повреди Пеле не беше ниту играчот за врска на Торино Марко Бенаси поради проблеми со мускулите.
Италија на ЕП ќе игра во Групата Е со Белгија, Република Ирска и Шведска.

Најнови вести