Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2012

Јувентус две седмици без Џовинко

Себастијан Џовинко, фудбалерот на италијанскиот шампион Јувентус, отпадна за натпреварот од второто коло на Серија А против Удинезе, но и за двете средби на Италија во квалификациите за Светското првенство во 2014 година.

Јувентус во првото коло од новата сезона на италијанското првенство ја нагости Парма и славеше со 2-0, но притоа го изгуби Џовинко на околу две седмици. Италијанскиот репрезентативец претрпе повреда на левиот глужд откако преостро врз него стартуваше Грацијано Пеле.
Дополнителните испитувања покажаа дека станува збор за полесно оштетување на предните лигаменти на стапалото, а вообичаена пауза за таков вид повреда е две седмици.
Поради тоа, 25-годишниот Џовинко ќе го пропушти натпреварот против Удинезе претстојниот викенд, но и два репрезентативни меча со Италија, која против Бугарија, односно Малта тргнува во квалификациите за Светското првенство 2014 година во Бразил.
Џовинко би требало да биде спремен за средбата од третото коло на Серија А против Џенова во гости на 16 септември.

Најнови вести