Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2012

Јанчер од Салцбург во Динамо

Најдобриот австриски фудбалер Јакоб Јанчер премина во Динамо од Москва на едногодишен заем од Салцбург, со можност за целосно да остане во рускиот клуб.

Австрискиот шампион Салцбург соопшти дека договорот следел по неколку дена интензивни преговори.
Јанчер минатата сезона беше најдобар стрелец на првенството на Австрија со 14 голови, по што беше прогласен за најдобар играч на таа земја.
Тој има 23 години, а претходно играше за Штурм од Грац. За репрезентацијата има десет настапи.

Најнови вести