Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Моќен Ред Бул, Салцбург ја доби битката со гигантите за потписот на Халанд

Шкендија ќе има екстремно тешка задача да му се спротивстави на австрискиот првак, екипа која е во постојан подем, а во трката за потписот на 18-годишниот Халанд победи гиганти

Халанд е еден од најголемите таленти на норвешкиот фудбал, а за него заинтересирани беа и Јувентус и Манчестер јунајтед. Сепак, Салцбург беше и најбрз и  најконкретен и за 10,5 милиони евра успеа да го купи Халанд од Молде.
Австрискиот шампион ќе и биде противник на Шкендија во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Двомечот почнува на 8. август во Салцбург, а реваншот е на 14. Август во Скопје.

 

Најнови вести