Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Џентлментски потег на Салцбург со порака добредојде за Шкендија

Австрискиот првак Салцбург бележи голем подем, тимот играше полуфинале во Европа Лигата, лани, а и вечерва покажа дека прераснува во голем клуб со порака „добредојде Шкендија“

Непосредно пред почетокот на мечот, што е закажан за половина час, односно точно во 19 часот, од Салцбург и посакаа на Шкендија добредојде на „Ред Бул“ арена.
Со објава на Твитер домаќините им посакаа на гостите од Тетово да се чувствуваат како дома со порака „Добредојде Шкендија“.
Вечерва на распоред е првиот дуел од двомечот меѓу австрискиот и македонскиот првак во претпоследното квалификациско коло за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите. 
Подобриот состав ќе игра плејоф за пласман во ЛШ, а поразениот продолжува во истата фаза, но за пласман во фазата по групи во Европа Лигата.

 

Најнови вести