Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Османи: Создадовме шанси, но не ги искористивме

Тренерот на Шкендија е разочаран од високиот пораз од Салцбург

Македонскиот првак Шкендија ќе има тешка задача во реваншот против Салцбург, откако вечерва австрискиот клуб победи со 3:0, во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Тренерот на тетовци, Ќатип Османи е разочаран од високиот пораз. 
„Не го започнавме мечот како што посакувавме. Потоа заигравме подобро, создадовме неколку шанси, но не реализиравме. Имаме негативен резултат, но останува да веруваме дека имаме минимална шанса, но сепак ќе имаме тешка задача во реваншот во Скопје“, рече Османи по дуелот во Австрија. 
Тренерот на Салцбург, Марко Росе е среќен, но потенцираше дека одбраната на неговиот тим морала да игра подобро. 
„Направивме добра работа. Победивме и со добра предност одиме во реваншот. Лошо е тоа што дозволивме Шкендија да создаде добри шанси за погодок. Тоа не смее да се повтори на реваншот во Скопје“, вели Росе. 

 

Најнови вести