Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Меч на денот: Шкендија ќе брка историја против Салцбург

Во редовите на македонскиот шампион се свесни за тежината на задачата, но веруваат во сензација во Австрија

На патот до историски успех на македонскиот првак Шкендија стои моќниот и богат тим на Ред Бул од Салцбург. Австријците од 19 часот ќе ги пречекаат фудбалерите на Ќатип Османи во првиот меч од рамките во третото квалификациско коло во ЛШ.
На хартија, но и во секој останат сегмент, „биковите“ се апсолутни фаворити против тетовци. Салцбург се уште не знае за пораз летово, победија на шест пријателски средби, запишаа две победи во домашното првенство, како и еден триумф во австрискиот куп.

Сепак, предводникот на тетовци, Османи, верува дека неговите фудбалери се подготвени да одговорат на предизвикот. Дополнителен мотив за Шкендија треба да биде отсуството на неколку првотимци на Салцбург.
„Среќни сме што стигнавме до оваа фаза, пред нас е огромен предизвик, Салцбург е исклучително квалитетен тим. Свесни сме за тежината на овој меч, но ние се подготвивме максимално и веруваме во нашите можности. Детално го анализиравме нашиот противник, па доколку се оди според планот, големи се шансите да извлечеме позитивен исход од ова тешко гостување“, истакна Османи.

Дека е апсолутен фаворит потврдува и коефициентот на Салцбург, за „кец“ според нашата понуда е 1.10, додека за Шкендија квотата е 25, односно 8.75 за реми.

Најнови вести