Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Шанса за Шкендија: Австриците десеткувани пред првата пресметка во Салцбург

Недостигот на неколку првотимци на Салцбург треба да биде мотив повеќе за фудбалерите на Ќатип Османи

Македонскиот првак Шкендија го очекува тешка пресметка против Ред Бул Салцбург за пласман во плеј-офот во Лигата на шампиони. Иако австрискиот шампион важи за фаворит во овој двомеч, тетовци треба да го искористат холемиот хендикеп кај екипата која ја предводи Марко Росе.

Имено, Салцбург утре ќе игра без неколку првотимци, и тоа: голманот Александер Валке, кој се здоби со повреда на бутниот мускул, додека најпроблематична е позицијата десен бек, откако се повредија стандардниот на таа позиција, Штефан Лајнер, како и неговата замена Патрик Фаркаш.

Дуелот со Шкендија дефинитивно ќе го пропуштат и Лудевик и Гулбрандсен, како и Амаду Хајдара, кој нема да настапи поради заработениот црвен картон во минатогодишното полуфинале од Лигата на Европа против Олимпик Марсеј.

Правата пресметка е закажана за утре, со почеток во 19 часот, додека реваншот се игра следниот вторник, во Скопје.

Најнови вести