Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2015

Финк нов тренер на Австрија Виена

Торстен Финк, поранешниот играч на Баерн од Минхен, е избран за нов тренер на Австрија Виена во наредните две сезони.

Финк кормилото ќе го преземе од привремениот тренер Андреас Огрис, кој клубот го водеше откако во март беше сменет Гералд Баумгартнер.
„Посветеноста на Финк на клубот нам ни е многу важна, со оглед на неговиот углед и искуството“, изјави спортскиот директор Франк Волфарт и додаде дека Финк може да создаде тим со мешавина на искуство и младост.
Финк во кариерата ги тренираше: Инголштад, Базел, Хамбургер и АПОЕЛ од Никозија.
Како играч на Баерн, Финк освои четири шампионски титули на Германија, како и Лигата на шампионите од 2001 година.
Австрија е деветта во националниот шампионат, а во среда игра во финалето на Купот на Австрија против актуелниот шампион Салцбург.