Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2013

Ван Марвек нов тренер на Хамбургер

Минатата седмица Торстен Финк доби отказ во фудбалскиот бундеслигаш Хамбургер, и тоа по високиот пораз од 6-2 во Дортмунд од европскиот и германски вицешампион Борусија.

Во текот на викендот со заеднички сили Кардосо и Адо седеа на тренерската клупа на Хамбургер, но екипата повторно доживеа пораз. Вердер славеше кај Хамбургер со 2-0, па клубот од Хамбург моментно се наоѓа дури на 16-тото место на бундеслигашката табела.
Задача екипата да ја застане на нозе има холандскиот стручњак Берт ван Марвек, кој вчера и официјално стана нов тренер на Хамбургер. Холанѓанецот потпиша договор на две години, а финансиските детали на трансферот не се познати.
„Хамбург е убав град, а ова е одличен клуб со богато минато и углед. Мило ми е што сум тука“, изјави Ван Марвек, кој веќе има работено во Бундеслигата. Од 2004 до 2006 година ја водеше Борусија од Дортмунд. Од 2008 до минатата година беше селектор на Холандија, а со репрезентацијата дојде и до финалето на последното Светско првенство.

Најнови вести