Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2012

Торе шест седмици во аут

Денеска беа потврдени првичните стравувања дека Гокхан Торе, крилниот напаѓач на Хамбургер, го повреди менискусот на левото колено.

Горчливата дијагноза беше потврдена веднаш по враќањето на турскиот репрезентативен напаѓач во тренинг-кампот во Марбела, откако се повреди на пријателскиот натпревар против Локерен во неделата.
За Торе сега е закажана хируршка интервенција која ќе се изврши во четврток во Келн. Тој нема да може да има никакви тренинзи во наредните две седмици бидејќи ќе треба да мирува пред да почне со периодот на рехабилитација.
Хамбургер сега ќе остане најмалку шест седмици без овој фудбалер.
„Тоа е огромна штета за него. Сите се надеваме дека колку што е можно побргу ќе се врати на терените и ние му ја даваме целата поддршка“, рече стратегот Торстен Финк.

Најнови вести