Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2011

Финк од понеделник на кормилото на Хамбургер

Франк Арнесен многу кратко паралелно ќе ги врши должностите спортски директор и тренер на Хамбургер. Од понеделник на клупата ќе седне Торстен Финк.

Тоа го потврди самиот Финк за германските медиуми, а денес на својата интернет-страницата и неговиот досегашен клуб Базел. Поранешниот играч за врска на Баерн Минхен го предводеше швајцарскиот клуб од 2009 година, а договорот му важеше до 2013 година.

Токму тој договор беше пречка што Финк не го презеде клубот порано, па затоа Арнесен од понеделникот седна на тренерката функција мислејќи дека на Финк ќе му биде потребно време за да се ослободи од тој договор. Четириесет и тригодишниот стратег во средата по повеќечасовни преговори доби дозвола да замине. Сепак, Хамбургер ќе мора да плати одредена оштета, чија висина сè уште не е објавена, а Финк ќе потпише договор до 2014 година.

Хамбургер се наоѓа во многу тешка позиција, а по осум кола е на последното место на табелата.

Најнови вести