04.11.2011 Венегор оф Хеселинк ново засилување за ПСВ
Поранешниот холандски репрезентативец, Јан Венегор оф Хеселинк, е новиот фудбалер на ПСВ во чии редови дојде како слободен играч.
„Јан и клубот многу сакаа да постигнат договор. Тој сака да му се заблагодари на ПСВ и да му врати колку може, а клубот знае што може тој да направи. Ќе биде замена за нашите напаѓачи, а со неговото искуство малдинците како Рубен Бентакурт и Јирген Локади ќе созреат“, изјави спортскиот директор на ПСВ, Марсел Бранд.
Триесет и двегодишниот Хеселинк потпиша договор до крајот на сезоната, а ова му втор престој во клубот чии бои претходно ги бранеше од 2001 до 2006 година.
После првиот ангажман во ПСВ, Хеселинк играше за Селтик, Хал и Рапид Виена со кој го раскина договорот во јуни годинава.