Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2012

Самуел одби да продолжи со Интер и сака во Лондон

Валтер Самуел, одбранбениот играч на фудбалската репрезентација на Аргентина и на Интер од Милано, последниот договор во кариерата сака да го одработи во еден од лондонските клубови.

Неочекувана понуда за одличното одбранбено засилување од Италија добија лондонските премиерлигашки клубови, пред сè Арсенал, Челзи и Тотенхем, откако 33-годишниот играч од средниот ред Валтер Самуел одби да ја продолжи верноста кон Интер, па преку менаџерот порача дека сака последните години во кариерата да ги помине во Лондон.
Самуел сака плата од 90.000 фунти седмично како последен профитабилен договор во кариерата бидејќи овој месец ќе наполни 34 години.
„Иако ќе ја разгледаме секоја понуда, сепак Валтер изрази желба на крајот на кариерата да заигра за некој од лондонските клубови“, рече неговиот агент Бари О’Конор.
Поранешниот член на Реал Мадрид, Бока јуниорс и Рома за националната селекција одигра 56 натпревари, а под водство на Жозе Мурињо во 2010 година како стандарден член на првата екипа со Интер ја освои тројната круна - Скудетото, италијанскиот куп и Лигата на шампионите.

Најнови вести