Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2011

Палермо го отпушти Манџа

Палермо го отпушти тренерот Девис Манџа по помалку од четири месеци минати како шеф на стручниот штаб, по поразот од 2-0 од ривалот Катанија, со што падна на десеттото место на табелата.

Палермо, кој успеа да оствари само една победа на последните пет првенствени натпревари, во официјално соопштение потврди: „На тренерот Девис Манџа му е врачен отказ. Клубот му посакува успех понатаму во кариерата и му се заблагодарува за она што го стори“.
Манџа дојде на местото прв тренер на Палермо откако претходно ги предводеше помалите генерации на клубот, а беше замена за Стефано Пиоли. Триесет и седумгодишниот стратег само пред еден месец го продолжи договорот со Палермо на уште две години, но со тимот успеа да оствари само една победа на гости сезонава.
Поразот во минатиот викенд од Катанија беше седми сезонава, а мора да се напомене дека Палермо беше елиминиран и во Италијанскиот куп од Сиена.
Сицилијанците сè уште не знаат кој ќе го предводи тимот на натпреварот во среда против Новара, а веќе се шушка дека можен кандидат е поранешниот тренер на Аталанта и Бари, Бартоло Мути.

Најнови вести