Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2011

Мути нов тренер на Палермо

Педесет и седумгодишниот Бартоло Мути е именуван за нов тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Палермо.

На таа должност Мути го наследи 37-годишниот Девис Манџа, кого раководството на клубот го смени поради лошите резултати и само една победа во последните пет натпревари.
Маурицио Цампарини, 70-годишниот претседател на Палермо, е познат по немилосрдниот третман на клупските тренери. Откако го купи клубот во 2002 година, именуваше 19 тренери, вклучувајќи го и Мути, кому ова ќе му биде втор мандат на клупата на Палермо. Сицилијанскиот клуб го водеше во сезоната 2001/02 во Серија Б, го освои 10-тото место, но Цампарини не му го продолжи договорот.
Последната работа на Мути му беше на клупата на Бари минатата сезона. Екипата ја презеде во февруари и не успеа да го спречи испаѓањето во втората лига. Меѓу останатите, ги водеше и Пјаченца, Наполи, Реџина, Месина и Аталанта.
Од август ова е деветта промена на тренер во Серија А, а втора во Палермо. Манџа на клупата на тој клуб помина дури четири месеци.

Најнови вести