Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2011

Раиконен во Вилијамс?

Шпекулациите коишто сè повеќе се слушаат во финските медиуми говорат дека светскиот шампион од 2007 година повторно ќе се врати во најбрзиот циркус, поточно во Вилијамс, каде што ќе биде партнер со Пастор Малдонадо.

Кими Раиконен и неговите советници веќе одржале состанок со членовите на Вилијамс, а проблеми имало само во усогласување на платата. Сепак, Финецот е на прагот на потпишување договор бидејќи неговиот иден клуб е на чекор од потпишување договор со Националната банка на Катар, која би требало да ги покрие трошоците за платата на поранешниот шампион.

Вилијамс веќе работи со оваа банка и вреди да се потсети дека финансиската поддршка токму од тој дел на светот пред триесет години ја лансираше екипата на Френк Вилијамс на самиот светски врв. Иако пред неколку седмици Рубенс Баричело изјави дека нема да има ништо од оваа соработка, сега станува извесно дека Раиконен, кој неколку години мина возејќи трки во Америка, но и во Светскиот рели шампионат, повторно ќе седне зад воланот на болидот во Формула 1.

Најнови вести