22.8.2017 Раиконен останува во Ферари
Финскиот возач Кими Раиконен и Ферари го обновија договорот, па ќе соработуваат и во текот на наредната сезона.
Од градот Маранело стигна потврда дека некогашниот светски шампион и во 2018 година ќе го вози црвениот болид.
„Скудерија Ферари ги обнови техничкиот и натпреварувачкиот договор со Кими Раиконен. Финецот ќе се натпреварува за тимот од Маринело и во текот на Формула 1 во 2018 година“, се наведува во соопштението.
По големата награда на Унгарија, Серџо Маркионе, првиот човек на Ферари, најави дека италијанскиот тим ќе ги задржи и Себастијан Фетел и Кими Раиконен, бидејќи и двајцата имаа договори до крајот на сезоната.
Ферари моментно е втор во конкуренцијата на конструкторите, додека Раиконен петти во пласманот на возачите.