Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2012

Окака од Рома во Парма

Стефано Окака, дваесет и двегодишниот напаѓал на Рома и младински репрезентативец на Италија, до крајот на сезоната ќе игра како фудбалер на заем во редовите на Парма.

Луис Енрике, тренерот на „волчицата“, се одлучи да го испрати Окака на заем бидејќи овој млад фудбалер не е во неговите планови за продолжението на сезоната.
Со овој договор меѓу Рома и Парма новиот клуб на младиот Италијанец има право на крајот од сезоната и да го откупи неговиот договор, доколку овој се покаже во вистинско светло.
Окака е играч на Рома од 2005 година, а досега во дресот на римскиот клуб има 34 натпревари и притоа постигна два гола. Тој досега играше на заем во неколку екипи, и тоа: Модена, Бреша, Фулам и Бари.

Најнови вести