Корисничко име Лозинка Пријави се
29.2.2012

Бариос го продолжил договорот со Борусија Дортмунд

Парагвајскиот напаѓач Лукас Бариос потврди дека нема намера да го напушти германскиот шампион во летниот преоден рок.

Сè до оваа сезона беше прва напаѓачка опција на тренерот Јирген Клоп, но поради повреда го загуби првотимското место од 23-годишниот Полјак Роберт Левандовски. Наместо да се предаде и да побара нов тим, дваесет и седумгодишниот Парагваец има намера да се бори за своето место во тимот.
„Минатото лето го продолжив договорот со клубот до јули 2015 година, иако тоа досега не беше официјално објавено“, откри поранешниот напаѓач на чилеанскиот Коло Коло.
„Зимава одбив неколку добри понуди за да останам во Дортмунд. На крајот на минатата сезона еден клуб за мене понуди 20 милиони евра, но ни тоа не ме привлече. Среќен сум во Дортмунд и среќен сум што можам да го носам дресот на овој клуб. Но тоа не значи дека и втора сезона би седел на клупата“, изјави Бариос во интервју за Билд.

Најнови вести