Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2012

Сампдорија и Бари казнети со одземање бодови

Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација вчера ги казни бодовно и парично Сампдорија и Бари поради нивната вмешаност во последниот скандал со местење натпревари.

Сампдорија, која се врати во Серија А, е казнета со одземање на еден бод и 30.000 евра, додека второлигашот Бари новата сезона ќе ја почне со минус пет бодови, а ќе мораат да платат и казна од 80.000 евра.
Централна фигура во овој скандал е Андреа Масиело кој е уапсен во април годинава. Актуелниот фудбалер на Аталанта, а поранешен на Бари, веќе им призна на инспекторите дека намерно постигнал автогол во двобојот против Лече (0-2) на 15 мај минатата година.
Масиело е казнет со забрана за играње фудбал во период од две години и два месеци и со парична казна од 30.000 евра.
Обвинителите во Бари вчера го сослушаа и одбранбениот фудбалер на Интер и на италијанската фудбалска репрезентација Андреа Ранокија, за натпреварите во сезоната 2009/10 кога тој бил фудбалер на Бари.

Најнови вести