Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2011

Дони уапсен поради сомнение за местење натпревари

Кристијано Дони, поранешниот капитен и играч за врска на Аталанта, е уапсен заедно со уште шеснаесет лица во Италија поради сомнение дека се вмешани во илегално обложување и местење на натпревари.

Италијанските медиуми шпекулираат дека полициската истрага е фокусирана на неколку натпревари од Серија Б во последните две сезони, а во три од нив била вклучена и Аталанта. Триесет и осумгодишниот Дони е под истрага дека се обложувал на три натпревари од минатата сезона, и тоа дуелите меѓу Бреша и Бари, Бреша и Лече и Наполи против Сампдорија.
Меѓу останатите коишто се најдоа во друштвото на Дони се и Луиџи Сартор, поранешниот фудбалер на Интер и Рома, Алесандро Замперини, како и активните фудбалери Карло Гервасони од Пјаченца и Филипо Каробио од Специја.

Најнови вести